Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Бизнис модел: Фарма со овци од расата Асаф – инвестиција, одгледување и заработка
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Бизнис модели > Бизнис модел: Фарма со овци од расата Асаф – инвестиција, одгледување и заработка
Бизнис модели

Бизнис модел: Фарма со овци од расата Асаф – инвестиција, одгледување и заработка

Сподели
11 мин. за читање
Сподели

Одгледувањето овци од расата Асаф може да исплатлив и стабилен семеен бизнис, особено поради тоа што оваа раса на овци се смета за една од најперспективните во современото сточарство. Поради високата млечност и добриот прираст на јагнињата, се повеќе сточари се одлучуваат токму за оваа раса како основа за развој на сопствен агробизнис.

Расата Асаф е добиена со вкрстување на овци од расата Аваси со источнофризиска млечна раса. Истражувањата покажуваат дека одгледувањето на оваа раса овци во нашата држава може сериозно да го подобри генетскиот потенцијал и продукцијата на јагниња. Во Македонија асаф овците најчесто се набавуваат од Шпанија.

Како и секој друг агробизнис, и одгледувањето на асаф овците подразбира сериозен пристап, едукација, но и трпение. Но искуствата покажуваат дека вложувањето во одгледувањето на оваа раса се исплати на долг рок, што го прави овој агробизнис исклучително исплатлив и сериозна можност за егзистенција.

Во време кога се бараат одржливи извори на приходи во земјоделството, сè повеќе земјоделци шансата за стабилен приход ја гледаат во одгледувањето овци токму од расата Асаф.

Низ приказната на сточарот Велче Црвенов од Велес, тимот на АгротимПРО го претставува бизнис моделот за започнување фарма со овци од расата Асаф. Во разговорот со него тој ни раскажа дека одгледувањето на оваа раса овци може да обезбеди стабилна егзистенција, но само ако се пристапи со трпение, постојана едукација и сериозна работа.

„Првиот чекор е желбата да се започне бизнис, да се огледуваат овци. Одгледувањето овци од расата Асаф може да биде многу добар семеен бизнис и да обезбеди стабилни приходи. Со правилно водење на фармата, инвестицијата се враќа, и ова може да сигурен извор на егзистенција“, вели Велче.

Во продолжение го претставуваме бизнис планот за започнување агробизнис со одгледување овци од расата Асаф.

Со колку овци може да се започне?

За едно семејство да може реално да егзистира од оваа дејност, според сточарите потребно е стадо од 100 до 200 овци. Во практиката, најчесто се започнува со околу 100 грла, а потоа фармата постепено се проширува.

Овците од расата Асаф најчесто се набавуваат од странство, пред сè од Шпанија, а цената на едно јагне се движи од 200 до 250 евра.

Воедно продажба на оваа раса овци нуди и сточарот Велче Црвенов, од Велес. Телефон за контакт: 078 466 698

За стадо од 100 овци потребни се 6 до 7 овни за приплод, а цената може да варира зависно од квалитетот.

Набавката на почетното стадо од 100 овци од расата Асаф, според сточарите, изнесува околу 20.000 евра.

Регистрација и услови

Пред да се започне со работа, фармерот доколку за прв пат почнува со вој агробизнис, потребно е да ја регистрира фармата во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, што е основен услов за работење и користење субвенции.

Регистрацијата е основен услов ако земјоделецот сака да аплицира за субвенции, програми за рурален развој или за средства од ИПАРД програмата.

Постапка за запишување во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)

Во пракса, регистрацијата се прави во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, во општините низ државата каде што се водите по лична карта. Исто така може и преку системот за е-земјоделство.

Откако ќе се запише стопанството во регистарот, се добива единствен идентификациски број на земјоделско стопанство, што е услов за користење на државни програми.

Доколку сакате да ја искористите можноста за „Продажба од куќен праг“ во тој случај потребно е да се регистрирате во Агенцијата за харана и ветеринарство.

Правилник за продажба од куќен праг на МЛЕКО и ПРОИЗВОДИ ОД МЛЕКО, еве кои услови треба да ги исполните
Важно за сточарите: Како да продавате МЕСО и ПРЕРАБОТКИ од месо од куќен праг

Фарма и услови за одгледување

За стадо од 100 овци потребен е отворен и висок објект од околу 150 до 200 квадратни метри, со доволно светлина и проветрување.

За една овца се потребни околу 1,5 квадратни метри простор.

Изградбата на ваква фарма најчесто се прави со панел конструкција, а инвестицијата се движи од 15.000 до 20.000 евра.

Според сточарите, најдобро е објектот да биде едноставен, функционален, да има светлина и да е добро проветрен.

Дали се потребни пасишта?

Интересно е што за расата Асаф се шталски овци и не се неопходни големи пасишта.

За фарма од 100 овци доволни се околу 3 хектари земјиште, а земјиштето може да биде и под закуп од државата.

На Агротим.мк ги објавуваме сите повици и јавни огласи кои ги распишува МЗШВ за државна земјоделска.

Каква опрема е потребна за фармата

За нормално функционирање на една фарма за овци вклучително и за расата Асав потребна е основна опрема како што : машина за молзење, ладилник за млеко, поилки за вода, хранилки.

Машината за молзење чини околу 500 евра, а исто толку чини и ладилникот за млеко.

Поилките и хранилките чинат околу 25 евра по парче.

Опрема за ваков тип на фарма може да се набави од фирми како Хемометал Битола или Агро Геа Тетово.

Новата сезона е на прагот: Набавете приклучна механизација на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА со картичките на Diners Club

Што е потребно за храна

Овците најчесто се хранат со концентрат и детелина. Според пресметките една овца од расата Асав годишно троши 250 до 300 килограми концентрат.

Просечниот трошок за храна по овца е околу 150 евра годишно.

Ова значи дека за стадо од 100 овци трошоко за храна на годишно ниво изнесува  околу 15.000 евра.

Во Македонија компании кои продваат концентрат, соја, премикси се компаниите „Сано“, „Патент“ и други.

Ветеринарна грижа

Како и секој добиток, така и асаф овците мора да имаат редовна ветеринарна контрола која што се спроведува 3 до 4 пати годишно, како и задолжителни вакцини.

Трошокот за ветеринарна грижа е околу 200 денари по овца годишно, односно околу 20.000 до 25.000 денари за целото стадо.

Производство на млеко и јагниња

Овците од расата Асав се познати по висока млечност.

Една овца дава од 1 до 2 литри млеко дневно, што значи дека од 100 овци може да се добијат 100 до 200 литри млеко на ден.

Млекото се откупува по 60 денари за литар, а дополнително државата дава субвенција од 7 денари по литар предадено млеко.

Покрај млекото, асаф овците се познати и по добра продукција на јагниња и годишно даваат 2 до 3 јагниња.

Јагнињата најчесто ги откупуваат кланици или други сточари по цена од 250 до 300 денари за килограм жива мера.

Пласман

Овчото млеко од овците Асав е високо квалитетно и  се продава во млекарниците низ државата. Во разговорот со сточарот Велче ни објасни дека одгледувањето на овци и сериозен агробизнис, но како што ни раскажа тој добива голема помош и поддршка од млекарата Бучен Козјак.

„Одгледувањето на овци има своја тежина, но со поддршката од семејството и од млекарата Бучен Козјак, која стои зад мене, полесно се надминуваат сите предизвици“, вели Велче.

Колкав е приходот од одлегувањето асаф овци

Според пресметките на сточарите приходот од продажба на јагниња е  околу 15.000 евра годишно, а од млекото  300 до 500 евра по овца.

Вкупниот годишен приход од фарма со 100 овци може да достигне 30.000 до 40.000 евра.

Субвенции за овци

Државата преку Програмата за директни плаќања се обезбедува поддршка за сточарите, и тоа 3.000 денари по овца и 7 денари по литар предадено млеко во млекарници. Субвенциите значително ја подобруваат исплатливоста на овој агробизнис.

Сублимирана пресметка за фарма со 100 асаф овци:

Набавка на овци = 20.000 евра

Изградба на штала= 20.000 евра

Опрема (машини, поилки, хранилки, ладилник)= околу 1.500 евра

Храна= околу 15.000 евра годишно

Ветеринарни трошоци= 400 евра годишно

Вкупна почетна инвестиција =  околу 56.000 евра

Годишен приход = од 30.000 до 40.000 евра. Според пресметките на сточарите, со добро управување и стабилен пласман, инвестицијата може да брзо да се врати а потоа се што се остварува е чиста заработка.

ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските

Одгледувањето овци од расата Асаф не е само бизнис, туку и  можност да создадете стабилен семеен извор на приходи и егзистениција. Искуството покажува дека секоја влог и инвестиција се враќа во форма на успех и сигурни приходи. и гордост за она што сте го создадoле сами. И како што вели сточарот Велче:

„Овој агробизнис е исплатлив, треба да сте трпеливи, да се едуцирате и ќе бидете горди на она што сте го создале сами“, советува Велче.

„Овој агробизнис е исплатлив, треба да сте трпеливи, да се едуцирате и ќе бидете горди на она што сте го создале сами“, советува Велче.

Таг:асафБизнис моделовцифарма
Претходен напис Правилник за продажба од куќен праг на МЛЕКО и ПРОИЗВОДИ ОД МЛЕКО, еве кои услови треба да ги исполните
Следен напис (ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?