Инвестирањето во земјоделството не значи само купување нова механизација или опрема, туку и подобрување на квалитетот и конкурентноста на производството, одржливоста и развој на руралните средини. Покрај банките, кои нудат различни кредитни линии за агросекторот, во Македонија и штедилниците нудат кредити за земјоделците. Тие обезбедуваат кредити наменети за работен капитал, инвестиции во механизација и одржливи практики, опрема, закуп на земјиште, семенски материјал, ѓубрива и друго.
Штедилница Можности
Земјоделството претставува една од клучните гранки за развојот на економијата, а пристапот до поволни финансиски средства е од големо значење за негово унапредување. Штедилница Можности нуди земјоделски кредити за поддршка на земјоделците и нивните потреби, при што соработува и со Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ) и одобрува кредити од кредитната линија која ја обезбедува овој фонд.
Во продолжение се видовите кредити што ги нуди Штедилницата Можности:
Кредит за агромеханизација кој е наменет за набавка на нова и половна земјоделска механизација (вклучително и приклучна механизација) за полјоделци и за сточари. Максималниот износ за овој кредит е до 3.000.000,00 денари или 50.000 евра. Рокот на враќање е до 84 месеци, со грејс период до 3 месеци. Номиналната каматна стапка е 6% годишно, фиксна.
Сите останати детали, начинот на аплицирање и потребната документација се на следниот линк:
Земјоделскиот кредит за основни и обртни средства е наменет за закуп на земјиште за обработка, механизација, семенски материјал, ѓубрива, опрема за пластеници, штали, формирање и обнова на стадо, инвестиции во органско производство и енергетска ефикасност. Максималниот износ е до 4.500.000 денари односно до 75.000 евра. Рокот на враќање на кредитот е до 95 месеци, со грејс период до 6 месеци и номинална годишна фиксна каматна стапка од 6%.
Сите останати детали, начинот на аплицирање и потребната документација за овој вид на кредит се на следниот линк:
Со оваа понуда за земјоделците, Штедилница Можности обезбедува поддршка за модернизација, развој и унапредување на земјоделското производство. Овие финансиски решенија им овозможуваат на земјоделците полесен пристап до потребните средства за инвестиции и секојдневно работење, со поволни услови и флексибилни рокови на отплата.
Штедилница ФУЛМ
Штедилницата ФУЛМ нуди т.н. Вонреден кредит за поддршка на земјоделството. Овој кредит е наменет за нови и постојани кредитокорисници со постоечка кредитна изложеност во Штедилница ФУЛМ (вработени, пензионери, студенти, земјоделци и привремено невработени лица). Максималниот износ на кредитот е до 300.000 денари. Рокот на отплата е 24, 36, 48 и 60 месеци, со грејс период од 6, 12 или 18 месеци. Каматата е фиксна за цел рок на кредитот и се пресметува на годишно ниво.
Сите останати детали, начинот на аплицирање и потребната документација за овој вид на кредит се на следниот линк:
