Приходите на еден земјоделец или сточар се сезонски. Средствата од договорите за откуп од предадениот род, било да е млеко, тутун, грозје или зеленчук пристигнуваат по договор. Но, од друга страна, трошоците за работата и за домот имаат сосема поинаков, месечен календар.
Крајот на летото и почетокот на есента се период кога тој јаз е најизразен. Со завршување на годинашната реколта, започнуваат подготовките за новата земјоделска сезона. Од друга страна, тука се и секојдневните семејни обврски: подготовката на децата за училиште, набавки, зимница. Кога сите тие трошоци ќе се соочат во ист месец, домашниот буџет го чувствува тоа.
Како се затвора тој јаз
Затоа сè повеќе земјоделски производители бараат решение што не бара банкарски шалтер и чекање. Наместо есенските набавки да се платат одеднаш, од заштедите, трошокот се дели на месечни рати. Работата продолжува. Парите остануваат таму каде им е местото.
На пример: нов плуг, сеалка или набавка на репроматеријали во вредност од 30.000 денари. Поделено на 6 или 12 рати, тоа значи 5.000 или 2.500 денари месечно, токму во периодот кога пристигнуваат парите од откупот, наместо однапред да се извади сето одеднаш.
Заблудата за „фиксна плата од фирма“
Една од причините зошто земјоделците не можеа да аплицираат за картичка беше условот да бидат вработени.
Тоа веќе не важи. Договор за откуп на млеко, тутун, грозје или друг земјоделски род се признава како редовен приход. Исто и регистрирано земјоделско стопанство.
Тоа значи дека на над 4.000 продажни места низ земјата, продавници за земјоделска механизација, за автоделови, бензински пумпи, маркети, продавници за бела техника, можеш да купуваш флексибилно, без притисок на буџетот.
Планирање во сопствено темпо
Успешното земјоделско стопанство бара добра организација, не само на нивата, туку и во домашниот буџет. Кога трошокот е однапред познат, поделен на разбирливи месечни рати, работите се завршуваат навреме. Без изненадувања, без притисок.
Сеидбата почнува. Главоболката не мора.
Diners. Во твое темпо.
Аплицирајте за Diners Classic картичката брзо и лесно на следниот линк https://shorturl.at/ab18m
Набрзо Diners во соработка со Агротим ќе се организираат средби на терен каде сите заинтересирани ќе можат на лице место да аплицираат и добијат картичка Diners.
