Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Повторна употреба на водата: ЕУ има нови правила за наводнување на земјоделските површини
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Системи за наводнување > Повторна употреба на водата: ЕУ има нови правила за наводнување на земјоделските површини
Системи за наводнување

Повторна употреба на водата: ЕУ има нови правила за наводнување на земјоделските површини

Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Европската Унија донесе Регулатива за повторна употреба на пречистените отпадни води за наводнување во земјоделството, бидејќи има се поголем недостаток на врнежи, првенствено дожд во пролет и лето, во многу делови на Европа.

Регулативата ќе се применува во сите земји членки, освен оние кои се одлучиле за регулаторната клаузула за откажување, која можете да ја проверите на интерактивната мапа.

Европската комисија смета дека со воведувањето на оваа Регулатива ќе се зголеми довербата на потрошувачите и земјоделците во кружниот пристап кон користењето на водата, која мора да биде безбедна. Ова е за да се намали притисокот врз сè поретките водни ресурси кои се важни во производството на храна. Целта е да се придонесе за зачувување на ресурсите кои се клучни за водните и копнените екосистеми, заштитата на биолошката разновидност, намалувањето на загадувањето и прилагодувањето кон климатските промени, се вели во соопштението.

Комесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинија Синкевичиус истакнува дека водата е скапоцен ресурс кој станува се помалку достапен. Вели дека и комуналните отпадни води можат успешно да се третираат со помош на достапни технологии, како што се повеќе се рециклираат други материјали. „Тоа отвора бројни можности за земјоделците. Со новите стандарди тие и потрошувачите можат да бидат сигурни во квалитетот и безбедноста на земјоделските производи што се наводнуваат со неа.

Големи разлики меѓу земјите

Иако повторната употреба веќе е успешно имплементирана во некои земји членки и во други делови на светот, само 2,4 отсто од вкупните пречистени комунални отпадни води повторно се користат во ЕУ. Покрај тоа, постојат големи разлики меѓу земјите. Неколку од нив повторно ги употребуваат и до 89 проценти, но кај повеќето овој процент е само до пет проценти. Некои пак воопшто не практикуваат повторна употреба, како на пример Хрватска.

Значи, постои огромен потенцијал за поефикасна употреба, што е од клучно значење за адаптацијата на климатските промени и безбедноста на храната. Тоа е во согласност и со акцискиот план усвоен на Конференцијата на ОН за води во 2023 година, заклучуваат во соопштението.

Повеќе информации за Регулативата за повторна употреба на следниот ЛИНК.

Таг:водатаЕУземјоделските површининаводнување
Претходен напис (ВИДЕО) Две минути – наводнување на пченка на италијански начин, има што да се види!
Следен напис Нова технологија за заштита на растенијата: заштитните средства ги разнесуваат пчели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?