Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Овој бизнис цвета во Србија: Државата дава пари за почеток, има откуп, а профитот по хектар е огромен
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Бизнис модели > Овој бизнис цвета во Србија: Државата дава пари за почеток, има откуп, а профитот по хектар е огромен
Бизнис модели

Овој бизнис цвета во Србија: Државата дава пари за почеток, има откуп, а профитот по хектар е огромен

Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Србија би можела да биде најголем извозник на шипинки особено од парцели каде што не се користат пестициди и хербициди, пренесе РТС.

Шипинката, шипката или дивата роза има 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот, пектинот, танинот, каротинот и голем број други минерали. Овој витамин е исклучително баран во фармацевтската и козметичката индустрија. Над 20 сорти на шипинки успеваат во оваа климатски погодна земја и можат да се најдат речиси насекаде, бидејќи за разлика од многу други култури, шипинките немаат посебни барања за одгледување.

На северот од Банат има се повеќе насади и моментално се бере плодот. Поради сушата, приносите се потпросечни и изнесуваат околу три тони по хектар. Берењето оди бавно, во зависност од густината на родот, комбајнот може да ожнее најмногу до пет хектари дневно.

„Жетвата на шипинките оди многу добро, навистина оди бавно, но треба да ги отстраниме сите гранки и за да биде чиста“, вели Ото Попиќ, комбајнер.

“Лидер во производството на шипинки во светот е Чиле, но таа што се произведува кај нас е трипати подобра по состав и квалитет од јужноамериканската, поточно три пати поскапа. Две и пол евра за килограм. Од полињата околу Нови Кнежевац целиот род завршува во Австрија и Германија”, вели Карољ Фекете од Нови Кнежевац кој оваа есен бере органски одгледани шипинки на педесетина хектари.

„Замрзната или сува, сè се извезува на странскиот пазар, каде секоја година се зголемува интересот за шипинката благодарение на нејзината многу широка примена“, вели Фекете, за РТС.

Производството на шипинки не бара многу работа и во Србија моментално се одгледува на околу 600 хектари, но се повеќе нови насади има во околината на Зајечар, Соко Бања и на југот на Србија. За почеток на производството потребни се околу две илјади евра по хектар, додека од неодамна Србија дава и државни субвенции за почеток на одгледувањето шипинка со обезбедени садници.

Извор: Телеграф.бизнис

Таг:бизнисСрбијашипинки
Претходен напис ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските
Следен напис Хемометал: Растурач на вештачки ѓубрива на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?