Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Откупувачот за да врши откуп на земјоделските производи, треба да ги исполнува следниве услови
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Закони и Правилници > Откупувачот за да врши откуп на земјоделските производи, треба да ги исполнува следниве услови
Закони и Правилници

Откупувачот за да врши откуп на земјоделските производи, треба да ги исполнува следниве услови

Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Согласно Законот за земјоделство и рурален развој една фирма за да може да врши откуп на земјоделски производи, треба да ги исполнува следниве услови:

а) Да е регистриран за вршење на соодветна дејност за:

– преработка на земјоделски производи согласно Законот за безбедност на храна и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, односно колење на фармски животни согласно Законот за ветеринарно јавно здравство,

– преработка на винско грозје во смисла на производство на вино согласно Законот за вино,

– трговија на големо со земјоделски производи согласно Законот за трговија или Закон за трговски друштва или

– одгледување на жив добиток согласно Законот за ветеринарно здравство упишано во Единствениот регистар за земјоделски стопанства;

б) Да биде во рангот на микро, мало, средно или големо претпријатие согласно Закон за земјоделство и рурален развој, со најмалку две вработени лица на неопределено време;

в) да има позитивен показател за ликвидност од економско финансиското работење;

г) да има целосно намирени обврски од реализираниот откуп на количините на земјоделските производи по договори за откуп на земјоделски производи чиј рок на исплата доспева најдоцна до 31-ви март во тековната година;

д) да има склучен договор за трговија на големо за понатамошна продажба на откупените земјоделски производи на преработувачки капацитет доколку откупот го вршат откупувачи кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи;

ѓ) да располагаат со соодветни објекти и опрема за откуп на земјоделските производи кои ги исполнуваат минимално-техничките услови согласно важечки прописи и одредбите од овој правилник и

е) мерните инструменти кои ги користи за утврдување на тежината, шеќерни единици и квалитетот на земјоделските производи кои се предмет на откуп, се во исправна состојба и верифицирани согласно важечките прописи за метрологија. ж) доколку откупувачот не врши откуп директно од земјоделски производители треба да ги исполнува условите од став 1 точки а,б, в, г, и д на овој член.

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-0sPl.pdf

Таг:земјоделските производиоткупОткупувачотуслови
Претходен напис Што содржи ДОГОВОРОТ ЗА ОТКУП на земјоделски производи и како се одвива исплатата согласно ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Следен напис Постапка за регистрација како ИНДИВИДУАЛЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?