Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Одржување на земјоделска механизација во текот на зимата
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Трактори > Одржување на земјоделска механизација во текот на зимата
Трактори

Одржување на земјоделска механизација во текот на зимата

Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Одржувањето на земјоделската механизација е активност на која треба да се обрне внимание по завршувањето на сите работи на полето. Не е доволно да го паркирате вашиот трактор, комбајн или било која приклучна механизација под настрешница, гаража или уште полошо под отворено небо и да ги оставите до следната работна сезона.

Прво, потребно е да се провери машината, да се увериме дека е во соодветна состојба, а потоа да се исчисти, исуши и подмачка. Овие активности ќе обезбедат влагата што предизвикува корозија да не е во близина на виталните делови на машината, а со тоа да се спречи ‘рѓа на оските, лежиштата и другите подвижни делови, што може подоцна да предизвика дефекти и прекини, материјални трошоци и да ја намали вредноста на вашата механизација.

Најдобар начин за миење на машините е да ги измиете со млаз вода со висок притисок и да исушите некои делови со компримиран воздух. Инвестирањето во компресор и опрема за миење не е голема инвестиција и сигурно ќе се врати брзо преку намалени трошоци за поправка и одржување на механизацијата.

Некои делови од машината се посуштински од другите. На пример, важно е да се отстранат нечистотиите и какво било насобирање слама околу лежиштата. Друга критична точка е резервоарот за жито и местото каде што е поставен моторот. Ова е опасно затоа што сувата слама на тие места следната сезона може да предизвика пожар.

Важно е, во текот на зимата машините да се чуваат под заслон – настрешница или во затворен простор (гаража) – на суво и притоа виталните движечки делови неопходно е да се подмачкаат со препорачаните од производителот масла и мазива.

По подмачкувањето, стартувајте ги машините за да се распореди маслото рамномерно и да се заштитат сите делови на лежиштето. Повремено, во текот на зимата, машините мора да бидат пуштени во употреба или кратко да се стартуваат.

Важни совети

− Ако го оставите хедерот на комбајот, спуштете го на дрвени подлошки за да го намалите притисокот на хидрауличните склопови;

− вметнете ги клиповите на хидрауличните цилиндри на машините за да спречите замрзнување;

− кога чувате машини со погонски ремени, намалете ја затегнатоста на ременот, бидејќи природно ќе се скрати и истегне кога ќе се излади;

− извадете ги синџирите и ставете ги во сад со преработено масло;

− проверете го препорачаниот притисок во гумите и отстранете ги маснотиите и маслото од гумите;

− проверете ги батериите и извадете ги каблите за напојување, дополнете ги со дестилирана вода;

− наполнете го резервоарот за гориво за да спречите кондензација и корозија одвнатре;

− заменете ја водата во системот за ладење со антифриз;

− проверете дали имате гаранција и брошури за услуги, како и упатства за одржување на поновите машини и уреди;

− спречете ги глодарите да пристапуваат до виталните склопови, затворете ги влезовите на системот за вентилација и слични отвори со соодветен материјал или поставете отровни мамки.

Игор Трајковски

АПРЗ

Таг:земјоделска механизацијазиматаодржување
Претходен напис Заштита на атомизерите и прскалките во зима, конзервација на опремата за наводнување
Следен напис ТРАКТОР СОЛИС 26 – Црна боја, лимитирана верзија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?