Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Кредитната линија на Халкбанк нуди кредити за одржливо земјоделство и едукација за земјоделците
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Банки > Кредитната линија на Халкбанк нуди кредити за одржливо земјоделство и едукација за земјоделците
БанкиЗемјоделски кредити

Кредитната линија на Халкбанк нуди кредити за одржливо земјоделство и едукација за земјоделците

Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Земјоделството е еден од двигателите на домашната економија и клучен извор на приходи за илјадници семејства. Во услови кога пазарот станува сè поконкурентен, земјоделците имаат реална потреба од сигурни и поволни кредитни линии.

Инвестирањето во агросекторот значи сигурно, квалитетно и конкурентно производство, стабилни приходи, одржливо производство и развој на руралните средини, што на долг рок носи придобивки за целото општество.

Затоа, пристапот до поволни финансиски средства е од големо значење за секој земјоделец што сака да го унапреди своето производство и да биде конкурентен.

Халкбанк АД Скопје од октомври минатата година започна со реализација на нова кредитна линија наменета за развој на одржливо земјоделство.

Средствата во износ од 12 милиони евра се обезбедени преку Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и се ставени на располагање на земјоделците и земјоделските бизниси во следните пет години.

Оваа кредитна линија на Халкбанк овозможува не само финансиска поддршка, туку и дополнителни бенефити како едукации и грант средства, со цел земјоделците полесно да инвестираат во модерни и одржливи практики.

Средствата од кредитите се наменети за поддршка на микро (вклучувајќи и трговци поединци и индивидуални земјоделци), мали и средни претпријатија, со кои ќе можат да ги реализираат своите планови за работен капитал, како и да инвестираат во купување опрема, модернизација и развој на одржливи агро-практики.

Износот на кредитот се движи од 5.000 до 250.000 евра, со рок на отплата до 5 години. Отплатата може да биде месечна, квартална или полугодишна, што им овозможува на земјоделците да го прилагодат враќањето на средствата според динамиката на производството и продажбата.

Кредитите се со варијабилна каматна стапка која започнува од 5,5% и со можност за флексибилна отплата преку месечни, квартални или полугодишни ануитети.

Покрај средствата што им стојат на располагање преку кредитот, земјоделците преку програмата добиваат и едукативна поддршка. Конкретно, во рамки на програмата се предвидени работилници и обуки на кои производителите ќе можат да се запознаат со современи техники и одржливи начини на производство. Дополнително, предвидена е и грант поддршка до 1.000 евра по корисник, која ќе се доделува сè до исцрпување на расположливите средства. Со тоа, оваа кредитна линија не претставува само финансиска помош, туку и реална можност за унапредување, модернизација и зголемување на конкурентноста на домашното земјоделско производство.

Сите останати детали, начинот на аплицирање и потребната документација се на следниот линк:

https://halkbank.mk/krediti-za-odrzliva-zemjodelska-aktivnost.nspx

Таг:банкиземјоделски кредитиисплатакамата
Претходен напис Грешки при садење на садници од орев
Следен напис ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?