Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на СУРОВО МЛЕКО
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Закони и Правилници > Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на СУРОВО МЛЕКО
Закони и Правилници

Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на СУРОВО МЛЕКО

Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Врз основа на член 31 став 7 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11 и 126/12), министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство донесе:
ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПУВАЧИТЕ
НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ
ОТКУПНИТЕ МЕСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

Член 7

(1) Откупот на сурово млеко се врши на мобилно откупно место, постојано откупно место или во преработувачки капацитет.

(2) Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став (1) од овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови:

а) доколку откупот се врши на мобилно откупно место треба особено да располага со: – опрема за мерење на количина и на квалитет: млекомер, тест за антибиотици, тест за алкохолна проба, лажица за земање на проби, шишиња за земени проби; и

– посебни транспортни средства опремени за превоз на сурово млеко во цистерни, контејнери или садови и кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи согласно Законот за ветеринарно јавно здравство.

б) доколку откупот се врши на постојано откупно место покрај условите од точка а) од овој став треба да располага и со:

– Посебно организиран простор за предавање и прием на млекото со минимум површина од најмалку 16 м² вклучително и засебен простор во кој е сместена опремата за мерење на квалитет на млекото и хигиена;

– Посебна опрема за прием (сад за прифаќање на млекото – лактофриз опремен со термометар, млечна пумпа со погодно црево, цедило,);

– Посебна опрема за мерење на квалитет на млекото (фрижидер за проби, лактодензиметар, термометар), бојлер за топла вода и работна маса за опрема за мерење.

в) Доколку откупот се врши во преработувачки капацитет треба да ги исполнува условите од точка а) алинеја 1 и од точка б) од овој став.

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-0sPl.pdf

Таг:откупоткупните местасурово млекоУслови
Претходен напис Кои услови треба да ги исполнуваат ОТКУПНИТЕ МЕСТА на земјоделски производи
Следен напис Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на овошје, зеленчук, култивирани печурки и трпезно грозје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?