Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Гостивар под засилени контроли: 12 забрани и 30 казни
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Закони и Правилници > Гостивар под засилени контроли: 12 забрани и 30 казни
Закони и Правилници

Гостивар под засилени контроли: 12 забрани и 30 казни

Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.

Кај операторите не се утврдени отстапки во овој дел, односно, за послужување и за миење на садовите, работните површини и опремата, забраната се почитувала и се користела пакувана вода и безбедна вода во спроведувањето на работните процеси. За послужување на гостите во угостителските објекти, утврдено е дека се употребуваат пластични и хартиени чаши и прибор.

Во однос на утврдените недоследности – неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (5 оператори), неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените кај 18 оператори, затекнати се и 11 правни лица кои не се регистрирани како оператори со храна во АХВ, за што покрај парична казна изречена им е и времена забрана за вршење на  дејноста до регистрирање. Двајца оператори утврдено е дека пуштале во промет небезбедна храна во количина од 18 килограми ( виршли, кисело млеко, јогурт, слајс салами, путер) кои се нештетно уништени. За констатираните недоследности покрај наложеното спроведување на задолжителни здравствени прегледи за вработените лица кај операторите со храна, забрани за вршење на дејност (12), опомена и наредби за отстранување на  недоследностите со контролите, изречени се и 30 парични казни  во вкупна висина од 7.750 евра во денарска противвредност.

Во поглед на брзо надминување на состојбата со водата за пиење во овој регион и намалување на бројот на заболени лица, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до операторите и граѓаните да се почитува забраната за употреба на водата од градскиот водоводен систем, а секоја недоследност и непочитување на донесената забрана може да ја пријават лично во АХВ или во нејзините подрачни единици, електронски на [email protected], како и на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22.  

Таг:ахвгостиварказни
Претходен напис Приватно здравствено осигурување: 7 моменти кога ќе си кажете „Добро што го имам“
Следен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Плугови TURAN TARIM – Традиција, квалитет и сигурна работа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?