Facebook Youtube
Agrotim Pro
Ad image
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Читате: Штедилници во Македонија што нудат кредитни линии за агросекторот: МОЖНОСТИ и ФУЛМ
Agrotim ProAgrotim Pro
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Банки
  • Штедилници
  • Осигурителни компании
  • Закони и Правилници
  • Diners Club
  • Назад кон Агротим
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim Pro > Рубрика > Штедилници > Штедилници во Македонија што нудат кредитни линии за агросекторот: МОЖНОСТИ и ФУЛМ
Штедилници

Штедилници во Македонија што нудат кредитни линии за агросекторот: МОЖНОСТИ и ФУЛМ

Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Инвестирањето во земјоделството не значи само купување нова механизација или опрема, туку и подобрување на квалитетот и конкурентноста на производството, одржливоста и развој на руралните средини. Покрај банките, кои нудат различни кредитни линии за агросекторот, во Македонија и штедилниците нудат кредити за земјоделците. Тие обезбедуваат кредити наменети за работен капитал, инвестиции во механизација и одржливи практики, опрема, закуп на земјиште, семенски материјал, ѓубрива и друго.

Штедилница Можности

Земјоделството претставува една од клучните гранки за развојот на економијата, а пристапот до поволни финансиски средства е од големо значење за негово унапредување.  Штедилница Можности нуди земјоделски кредити за поддршка на земјоделците и нивните потреби, при што  соработува и со Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ) и одобрува кредити од кредитната линија која ја обезбедува овој фонд.

Во продолжение се видовите кредити што ги нуди Штедилницата Можности:

Кредит за агромеханизација кој е наменет за набавка на нова и половна земјоделска механизација (вклучително и приклучна механизација) за полјоделци и за сточари. Максималниот износ за овој кредит е до 3.000.000,00 денари или 50.000 евра. Рокот на враќање е до 84 месеци, со грејс период до 3 месеци. Номиналната каматна стапка е 6% годишно, фиксна.

Сите останати детали, начинот на аплицирање и потребната документација се на следниот линк:

Кредит за агромеханизација

Земјоделскиот кредит за основни и обртни средства е наменет за закуп на земјиште за обработка, механизација, семенски материјал, ѓубрива, опрема за пластеници, штали, формирање и обнова на стадо, инвестиции во органско производство и енергетска ефикасност. Максималниот износ е до 4.500.000 денари односно до 75.000 евра. Рокот на враќање на кредитот е до 95 месеци, со грејс период до 6 месеци и номинална годишна фиксна каматна стапка од 6%.

Сите останати детали, начинот на аплицирање и потребната документација за овој вид на кредит се на следниот линк:

За основни и обртни средства

Со оваа понуда за земјоделците, Штедилница Можности обезбедува поддршка за модернизација, развој и унапредување на земјоделското производство. Овие финансиски решенија им овозможуваат на земјоделците полесен пристап до потребните средства за инвестиции и секојдневно работење, со поволни услови и флексибилни рокови на отплата.

Штедилница ФУЛМ

Штедилницата ФУЛМ нуди т.н. Вонреден кредит за поддршка на земјоделството. Овој кредит е наменет за нови и постојани кредитокорисници со постоечка кредитна изложеност во Штедилница ФУЛМ (вработени, пензионери, студенти, земјоделци и привремено невработени лица). Максималниот износ на кредитот е до 300.000 денари. Рокот на отплата е 24, 36, 48 и 60 месеци, со грејс период од 6, 12 или 18 месеци. Каматата е фиксна за цел рок на кредитот и се пресметува на годишно ниво.

Сите останати детали, начинот на аплицирање и потребната документација за овој вид на кредит се на следниот линк:

Вонреден кредит
Таг:кредитМожностиштедилници
Претходен напис (ВИДЕО) Хемометал ви го претставува моќниот- SOLIS – S 125, ги надминува и вашите очекувања!
Следен напис Тие одгледуваат јаболка на 19.000 хектари, еве како се штитат од пролетен мраз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image

/ Накратко за нас /

АгротимПРО- проект кој функционира како центар за поголема финансиска достапност и започнување на нови бизниси од агросекторот.

Информации за набавка на квалитетни репроматеријали, нова земјоделска механизација, поволни земјоделски кредити, понуди од финансиски друштва, бизнис модели со комплетни информации за набавка на семе, саден материјал, ѓубрива, заштитни средства и други репроматеријали.

На АгротимПРО имате информации и за земјоделско осигурување, апликации за грантови и се’ што значи инвестиции во модерно земјоделско производство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт

/ Поддржано од

/

СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?