Во октомври, Пакетот за жени претприемачки на Халкбанк го претставивме пред бизнис-заедницата во Охрид, Струмица, Радовиш и Гевгелија, преку средби посветени на жените кои активно ги развиваат своите идеи, компании и амбиции, информираат од Халкбанк.
На 8 октомври во Охрид и на 15 октомври во Струмица, Пакетот го доближивме до сопственичките на бизниси од овие региони, отворајќи простор за информирање, размена на искуства и претставување на можностите што Халкбанк ги нуди за поддршка на нивниот понатамошен развој.

Преку овој пакет, Халкбанк продолжува да ја потврдува својата посветеност на економското јакнење на жените, нудејќи финансиски решенија прилагодени на нивните потреби и предизвици во претприемачкиот свет.

Фејсбук статус на Халкбанк
